Тијана Дапчевиќ: „Една година пред да го запознам Милан, гатачка ми кажа дека ќе се омажам во странство и ќе бидам многу популарна“

17 мај, 2021
тијана

Пејачка, водителка, актерка… за која професија и да се фати на Тијана Дапчевиќ се и оди од рака, талентот во нејзините гени е неспорен и треба максимално да се искористи.

Дапчевиќ последно е најактивна како актерка во серијата „Преспав“ која со нетрпение очекуваме да продолжи да се емитува на Македонската Радио Телевизија.

Тијана пред неколку месеци гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ каде што проговори за својата улога на Германката Ула, за својата музичка кариера, но откри и детали кои можеби не и се познати многу на јавноста.

Имено, таа откри дека пред неколку години пред да се омажи со сопругот Милан Дапчевиќ и правела друштво на другарка кај гатачка во Скопје која и предвидела што ќе се случи.

-Таа ми гледаше во шолјата и ми кажа – „За една година ти ќе се иселиш од оваа земја, ти ќе живееш во странство. Ќе запознаеш еден човек кој е од странство и кој ќе го засакаш. Ќе се омажиш за него, ќе живеете заедно до крајот на животот, ќе му родиш едно дете и ќе бидеш многу популарна во таа држава“, раскажува Тијана и додава дека тогаш не поверувала, но подоцна кога го запознала сопругот се сетила на претскажувањата.

Македонската пејачка во интервјуто исто така откри дека се пишува и книга за неа, но и дека влегува во студио да снима нова музика.

Целото интервју може да го погледнете во видеото во продолжение:

Преземено од skopje24.mk