Тијана Дапчевиќ, Каролина и Калиопи му поласкаа на Новак Ѓоковиќ: „Ти си Бог“

22 февруари, 2021
novak djokovic

Новак Ѓоковиќ успеа по деветти пат да триумфира на Австралија Опен.

На дуелот од третото коло против Тејлор Фриц, Ѓоковиќ успеа да го совлада Американецот во пет сета и да го продолжи патот кон титулата.

Македонските дами горди на успехот на најдобриот тенисер во светот му поласкаа на социјалните мрежи.

Имено, Калиопи на својот „Инстаграм“ објави фотографија од  Ноле, а во описот напиша: „Кучињата лаат, караваните патуваат“.

Исто така и Тијана Дапчевиќ му поласка на најдобриот тенисер во светот.

Во објавата на „Инстаграм“ , Дапчевиќ напиша:

„Пссст. 9-ти пат. Ноле – Бог“, а веднаш под фотографијата свој коментар остави и Каролина Гочева која остави срценце, а потоа во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели и фотографија од најдобриот тенисер во светот.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/КАЛИОПИ

За потсетување, со освојување на Австралијан опен, тенисерот стигна до 18-та Гренд слем титула и сега само 2 трофеи го делат од Надал и Федерер кои имаат по 20 титули на најпрестижните турнири.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi