„ТОА Е МНОГУ СУРОВО ОД НЕЈЗИНА СТРАНА“: Ким призна дека нејзината најстара ќерка ѝ предизвикува проблеми

15 октомври, 2021
Kim-Kardashian-i-North

Ријалити sвездата Ким Кардашијан ја отвори душата и зборуваше за воспитувањето на децата

Откако ги испровоцира членовите на нејзиното семејство неодамна во емисија во живо, Ким Кардашијан сега откри каков е нејзиниот однос со децата. Таа призна дека не е совршена, но дека се обидува да стори сé за Норт, Сент, Чикаго и Псалм.

„Не се покажав многу добро кога станува збор за подароци, па дури и за подмитување. Токму тоа го користам. Потклекнувам брзо, можам да им дадам сѐ“, рече таа во епизодата„ Mom Confessions “, каде одговараше на прашања за родителството.

Додаде дека никогаш не ги лаже своите наследници.

„Се обидувам никогаш да не ги лажам. Отпрвин го правев тоа, за полесно да ги извадам од дома или нешто друго, но брзо ја сменив плочата. Целосно сум искрена “, истакна таа.

Сепак, ријалити sвездата вели дека нејзината најстара ќерка „не избира средства“ кога двете не се согласуваат. Вели дека Норт „пука директно во средината“, поради што често успева да ја повреди Ким.

„Кога случајно не се согласуваме, Норт мисли дека ќе ме повреди со зборовите:„ Куќата ти е баш грда “. Кој друг живее вака ?! Сѐ е бело“. Мисли дека ме боли па намерно го прави тоа. И тоа е прилично сурово од нејзина страна, бидејќи ја сакам мојата куќа “, заклучи Кардашијан.

escort - Korsan taksi