Тој би можел да биде вистинскиот: Лејди Гага наводно е подготвена за нов чекор во врската

22 март, 2021
1430730

По неуспешната свршувачка, се чини дека Лејди Гага конечно најде среќа во прегратките на Мајкл Полански, кој ја придружуваше дури и на инаугурацијата за претседател на САД. И според гласините на извори блиски до парот, нивната врска станува се посериозна

Помина една година откако Лејди Гага го претстави своето ново момче во јавноста. Технолошкиот претприемач Мајкл Полански го освои нејзиното срце, а како што откриваат извори блиски до парот, таа е позаљубена од кога било.

„Гага им кажува на своите пријатели дека сака да заврши уште неколку проекти, а потоа да се фокусира на приватниот живот. Тој сака да основа семејство. Таа сака да има деца и се гледа себеси во иднина со Мајкл“, открил извор за Entertainment Tonight.

Пејачката во моментов снима филм за семејството Гучи, „Куќата на Гучи“ во Италија со Адам Драјвер и Џаред Лето, а и се допадна улогата на Патриша Реџани, поранешна сопруга на Маурицио Гучи, која е обвинета за нарачка на неговото убиство и затоа помина 16 години зад решетки.

Но, и покрај густиот распоред, Лејди Гага веќе во мај 2020 година зборуваше за тоа дека сака да се реализира како мајка. „Можам да кажам дека обожавам деца и со нетрпение очекувам да станам мајка и јас еден ден. Зарем не е неверојатно што можеме да направиме? Да имаме живо суштество во нас кое расте, а потоа доаѓа во светот и наша задача е да го однесеме на вистинскиот пат.“

escort - Korsan taksi