Трагедија: Почина sвездата од серијата „Сексот и градот“, снимањето е прекинато

22 септември, 2021
26a2da5abc94470726ff4d57034e52b7832f48c5

Актерот Вилијам Вили Гарсон, кого публиката најмногу го знае и памети по улогата во серијата „Сексот и градот“, како Стенфорд, најдобриот пријател на Кери Бредшо, почина вчера, а тажните вести на социјалните мрежи ги соопшти неговиот син Нејтан Гарсон.

Тој на Инстаграм профилот напиша: „Почитувај ви мир тато. Драго ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“.

Гарсон почина на 57 годишна возраст а како споделуваат дел од медиумите, актерот боледувал од рак на панкреасот.

Инаку, покрај „Сексот и градот“ во чие продолжение исто така требаше да се појави, тој беше дел и од серијата „Пријатели“, “Да се биде Џон Малкович“ и уште стотици други филмски и тв проекти.