ТУПАК ШАКУР ДЕНЕС БИ НАПОЛНИЛ 50 ГОДИНИ: Објавена негова никогаш порано видена песна, благодарејќи на оваа актерка и сите се воодушевени!

17 јуни, 2021
2610153_tda_ls

Американскиот рапер Тупак Амару Шакур, попознат како 2Pac, на 16 јуни би го прославил својот 50-ти роденден.

Почина на 13 јуни 1996 година, откако беше застрелан во Лас Вегас.

Актерката Џејда Пинкет Смит (49), бивша сопруга на актерот Вил Смит (52), често се дружеше со него и тоа пријателство траеше сè до неговата смрт.

Tupak Šakur

По повод кружниот роденден на нејзиниот пријател, Џејда објави никогаш досега видена песна напишана од раперот.

Vil Smit, Džada Pinket Smit

„Тупак денес би имал 50 години. Додека се подготвуваме да го прославиме сето она што ни го остави, да се потсетиме што најмногу сакавме кај него – неговата вештина со зборови. Споделувам со вас неколку од нив, кои досега не сте ги чуле“ – рече Џејда.

Džada Pinket Smit, Tupak Šakur

Таа рече дека зачувала многу од неговите писма и песни што тој и ги напишал. Онаа што ја објавила се вика Lost Soulz, а актерката смета дека тоа била неговата „основа“ за истоимената песна, која подоцна ја објавил.

Džada Pinket Smit, Tupak Šakur

„Мислам дека не би имал ништо против да го објавам ова денес“, рече актерката.

escort - Korsan taksi