ТВ ВОДИТЕЛОТ МИРО КАЦАРОВ ЗАМИНА ОД ЕСТРАДНИОТ МАГАЗИН “БЕКСТЕЈЏ“, ЌЕ ИМА СВОЈА ЕМИСИЈА НА ТВ КАНАЛ 5

12 март, 2021
backstage

Нешто ново, необично, кое може да се сретне само по оние вистински странски телевизии, најчесто кај Италијанците, тие се тата-мата за забавни шоу програми. Ова ќе биде тоа, ама на наш македонски начин! Иако звучи нескромно, нема да се пишманите ако бидете со нас секоја сабота и недела на ТВ Канал 5 во вечерниот термин.

-После долги седум години дојде време за телевизиска промена. Така вели познатиот македонски ТВ-водител (и тв-новинар) Миро Кацаров. Тој заминува од естрадниот магазин “Бекстејџ“ и од ТВ Телма и доаѓа на фреквенцијата на ТВ канал 5, која според него е најгледаната македонска ТВ. Зад Кацаров остануваат многу снимени ТВ-прилози, многу настани, многу интервјуа со многу познати личности. Но Миро ветува дека сето тоа ќе има продолжение со новата екипа на соработници во новата естрадна ТВ-емисија. Ама, од април месец на ТВ Канал 5. Единствено не кажува за каков негов (финансиски) трансфер станува збор? Само кусо додава дека така е тоа “кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа, тогаш ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата“.

-Некои медиуми  да престанат да шират дезинформации за тоа дека сум се скарал со екипата на “Бекстејџ“. Тоа не е точно, вели Кацаров за весникот ВЕЧЕР/vecer.press  Едноставно, се презаситивме едни од други, јас имам други идеи, тие некои свои и сега секој си продолжува по својот пат.
0 Само за ВЕЧЕР откриј ни ги деталите за новото естрадно македонско ТВ-шоу
-Секако, со задоволство. Од ТВ Канал 5 ми се понудени одлични услови за професионална работа. Секако дека ги прифатив. Со мене е одлична екипа на соработници колеги, тука е и атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ која се враќа на малите екрани. Јас сум уредник и оној што го има осмислено целиот проект.

0 Македонија е единствената земја во регионот која не врви со естрадни ТВ-емисии, нема таблоидни весници, нема гламур-забави… светските ѕвезди најчесто нè игнорираат?
-Тоа е точно. За возврат имаме премногу политички емисии, ние сме нација која е премногу оптеретена со политика која е влезена во сите пори од нашиот живот. А треба да е обратно, музиката насекаде да ни е присутна. Додуша, сега не се такви времиња за пеење, свадби, концерти, журки, за промоции и фестивали, но и короната како и секоја инфекција ќе помине, а што потоа?

0 Потоа ќе ја гледаме твојата нова естрадна ТВ-емисија, нели?
-Е, да, да… има вистина во тоа, ви благодарам за оваа доверба која, ете, предвреме ми ја покажувате. Шега на страна, емисијата е навистина поразлична од некои други кои ги гледавме дури и овде во блиското соседство. Мене ми велат луѓето мора да сум доволно луд штом во оваа пандемија сум се зафатил да работам ваква емисија која бара постојана подвижност. А да се движите сега меѓу луѓето навистина не е препорачливо. Сепак, здравствено сме заштитени максимално. Мора да се работи, животот не може да запре.

Ексклузивно и од светските музички метрополи…..

0 Убеден си дека сега си го направил вистинскиот медиумски чекор?
-Убеден сум во тоа. Искрено го кажувам ова. Емисијата ми носи нов професионален предизвик, нови моменти, нови сознанија, еден нов ТВ-почеток. Засега имаме два наслова “Шоу-тајм“ и “Голден карпет“, па не можеме да се одлучиме. Но ќе мораме час поскоро, бидејќи шпицата се подготвува, а и стартот на првата емисија во првата сабота во април на ТВ Канал 5, од 19 часот, премиерно пред балканското ТВ-шоу “Ѕвездите на Гранд“. Добив одличен термин и тоа не само еден.

Емисијата ќе ни оди и наредниот ден во недела, но не како реприза, туку пак со нови содржини. Значи многу ќе се дружиме со ТВ-гледачите, ќе има музика, музички муабети, коментари, ставови, размислувања, смеење кое сега ни е најпотребно… со многу познати личности како од Македонија, така и од просторите на поранешна Југославија. Веќе за неколку дена патувам со екипата за Белград, таму ни се договорени и ексклузивните интервјуа со Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Цеца, Аца Лукас…, па понатаму патуваме за Загреб, Сплит, Сараево…, а ќе се јавуваме и од светските музички метрополи, од Лондон, Париз, Њујорк, Мелбурн, Рим, Москва, Дубаи, Рио де Жанеиро, дури во план ни е да појдеме и до Карибите, па нели од таму е актуелната и контроверзна светска музичка ѕвезда Рики Мартин… следејќи ги настаните интересни и за нас овде. Само молам бога ситуацијата со вирусот да се смири или вирусот да исчезне. Тогаш ќе славам!

Секако дека предноста секогаш им ја даваме на нашите личности. Ќе гостуваат и спортисти, актери, новинари, бизнисмени, ама и политичари. Тие нема да зборуваат за политиката и партиите, туку исклучиво како селебрити за својот приватен живот. Нешто ново, необично, кое може да се сретне само по оние вистински странски телевизии, најчесто кај Италијанците, тие се тата-мата за забавни шоу-програми. Ова ќе биде тоа, ама на наш македонски начин! Иако звучи нескромно, нема да се пишманите ако бидете со нас покрај малите екрани, секоја сабота и недела, раскажа Миро Кацаров за весникот ВЕЧЕР.

Преземено од vecer.press

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris