„УШТЕ КОЛКУ ТИ ТРЕБА ЗА ДА СФАТИШ?!“ Новак полуде поради судијата, а потоа го прекина натпреварот! (ВИДЕО)

11 мај, 2021
Screenshot_2

Српскиот ас имаше можност да го реши мечот, не ја искористи, а потоа следуваше прекинување на мечот.

Српскиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ започна да го брани тронот во Рим против момчето кое го нарече измамник по мечот на Австралија опен – Тејлор Фриц.

Српскиот ас водеше со 1:0 во сетови и 5:4, но му дозволи на Фриц да му го одземе сервисот и да остане на мечот, а после тоа следеше нов проблем затоа што натпреварот мораше да биде прекинат.

Иако судијата одби да ги испрати играчите во соблекувалната поради дождот, тоа го стори токму кога стана неизвесно, па играчите ќе мора да почекаат да продолжи дуелот.

– Уште колку ти треба да сфатиш дека не може да се игра тенис? – викаше Новак, но залудно.

escort - Korsan taksi