УШТЕ НЕГО ГО ЧЕКАВМЕ: Се огласи првото момче на Меган Маркл

3 април, 2021
Screenshot_62

Никогаш мир во кралското семејство. Па, Меган Маркл и принцот Хари веќе некое време не живеат во Бакингемската палата, но тие сепак ги пополнуваат медиумските колумни секој ден, а експертите од кралското семејство го следат секој нивни потег. Не е ни чудо што многу луѓе се обидуваат на секој начин да добијат пари и слава, па затоа „духови од минатото“ често се појавуваат во медиумите и вадат „валкани алишта“.

Meghan Markle

На ред дојде првото момче на Меган, Џошуа Силверстејн, кој во интервју за US Weekly откри дека верува дека поранешната американска актерка не се однесува во согласност со кралските правила, но додаде дека се сомнева дека малтретирала членови на персоналот. Пред точно еден месец излегоа информации дека Меган била груба кон работниците, иако судот никогаш не ги потврди таквите информации. Но, тврдењата на вработените во моментов се испитуваат.

„Не можам да замислам Меган да малтретира вработени во кралското семејство. Знам дека прави сè што чувствува дека може да и даде среќа. Знам дека се обиде да преживее во систем кој најверојатно не беше премногу симпатичен за неа, ниту за фактот кој е и од каде потекнува“, изјави Џошуа, со кого Меган се бакна за прв пат на 13-годишна возраст .

На Меган, наводно, и ’било тешко да ги поднесе обвиненијата против неа’, а нејзиното поранешно момче уште еднаш застана во нејзина одбрана, коментирајќи го расизмот и во кралското семејство. „Кога жена со потемна кожа се залага за себе и зборува против угнетувањето и недостатокот на почит кон нив, често луѓето со посветла кожа го доживуваат тоа на негативен начин, бидејќи тие навистина не сакаат да зборуваат за тоа“, заклучил актерот, кој денес е во среќен брак и има и две деца.