ВАКА ДЕНЕС ИЗГЛЕДА РАНДУ ОД „КАСАНДРА“! Нема да го препознаете ниту во лудило! (ФОТО)

11 јуни, 2021
284906_untitled-1_f

„Касандра“ е веројатно најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња на овие простори. Скоро нема некој што не знае за Касандра, Игнатиј, Луис Давид, Ранду и Доринда

Славниот Ранду, фрлач на ножњви во циркус, на кого Касандра му беше ветена невеста и кој беше смртно вљубен во неа, го глумеше Хенри Сото во серијата.

Овој венецуелски актер неодамна наполни 60 години, а судејќи според фотографиите, денес тој дури и не личи на славниот лик од серијата.

Иако го паметиме по неговата долга црна коса и марами, Хенри денес е сед, има пократка коса, а има и брада и мустаќи.

Сепак, дури и по толку многу години, многумина го поврзуваат со Касандра, а и тој самиот не заборавил на својата славна улога, па често објавува снимки од оваа серија.

– Постојат ликови кои го одбележуваат животот на еден актер, кои го дефинираат неговиот пат и неговата личност и сила. Ова беше без сомнение можеби најважната и одлучувачка улога во мојата кариера, ми ја отвори вратата на чувствителноста, ме натера да се нурнувам во нескротливи страсти, непознати и, искрено, ме воведе пред публиката, па дури и денес, по скоро 30 години, таа е круната на мојата кариера. А, оние што велат дека традиционалните сапуници се површни и ирелевантни, нека го кажат тоа на милиони следбеници од неколку генерации. Да видиме што ќе им одговорат – искрено напишал Сото покрај видеото од Касандра со превод на српски јазик, кој го објави на својот Instagram.

Денес, Хенри игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi