ВАКА ИЗГЛЕДА ПОМЛАДАТА СЕСТРА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ: Заработува милиони, гради успешна кариера и е комплетна спротивност на сестра ѝ!

16 јуни, 2021
United Nations Foundation "Mom + Social" Event

Светски познатата латино дива не е единствената во нејзиното семејство која има многу успешна кариера.

Иако за приватниот живот на латино дивата Џенифер Лопез често се зборува во медиумите, но малку е познат фактот дека таа има помала сестра. Линда Лопез има многу успешна кариера. Имено, таа е новинар, но работи и како продуцент на каналот АБЦ. Исто како и нејзината сестра, таа заработува милиони и ужива во луксузен живот.

Линда е најголемата поддршка за нејзината славна сестра, вака еднаш Џенифер зборуваше за неа и истакна дека и се восхитува затоа што е самохрана мајка, а воедно и успешна деловна жена.

“Толку многу ја сакам и почитувам. Секогаш ја прашувам дали ѝ треба нешто, но таа ми вели не”, рече Џенифер во една пригода.

Од друга страна, тие две се како небото и земјата. Што се однесува до физичкиот изглед, тие скоро и да не изгледаат воопшто.

Џенифер и Линда беа фотографирани синоќа пред еден ресторан, каде Линда го славеше својот 50-ти роденден. За оваа пригода тие ги усогласија своите стајлинзи и се појавија облечени во исти тонови. Погледнете како изгледаа:

Dženifer Lopez