Васил Гарванлиев со евровизискиот спот на Македонска ТВ на 11 март – Премиера!

10 март, 2021
vasil evrovizija

„Here I stand“ е Евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи пеејќи на англиски на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам.

Ќе биде промовирана на 11 март /четврток/ во Дневник 1 на Македонска ТВ, во 17 часот и 30 минути. Васил ќе биде специјален гостин, а од 18.00 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Eurovision Song Contest.

Васил со својата мајка

-И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголемен број на заразени од коронавирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза, соопштија од МРТВ.
Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Преземено од vecer.press