ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ ПОМИНАА ОД СМРТТА НА НАЈДРАГАТА ПРИНЦЕЗА: „Штом ја извлековме од возилото, нејзиното срце застана“

1 септември, 2021
profimedia-0491357983

Многумина од нас се уште живо се сеќаваат на утрото на 31 август 1997 година, кога веста за смртта на принцезата Дијана, која почина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз, го проби светот.

Мерцедесот со кој возеше заедно со нејзиниот сакан Доди Фајед и возачот Хенри Пол удри во бетонски столб во внатрешноста на тунелот.

Возачот и љубовникот на Дијана беа прогласени за мртви на лице место, а „принцезата на срцето“, како што ја нарекуваа низ целиот свет, почина во болница точно во 4 часот наутро, а следниот ден нејзиното тело беше транспортирано во Велика Британија. Ниту Фајед ниту Дијана не носеа појаси, што можело да им го спаси животот.

  • Беше во шок, не знаеше што се случи. Штом ја извлековме од возилото, нејзиното срце застана – изјави за Дејли Меил докторот кој меѓу првите пристигна на местото на несреќата.
Princeza Diana

Со оглед дека Дијана и Фајед често бегаа од папараците, дел од јавноста ги обвини медиумите за смртта на Дијана, сепак, две години подоцна се докажа дека возачот бил пијан и под дејство на антидепресиви.

Омилената светска принцеза го загуби животот една година по разводот со принцот Чарлс со кого беше несреќно мажена, а самата Дијана, напиша таа во сопственото писмо, претчувствувала дека Чарлс ја планирал нејзината сообраќајна несреќа.

Princeza Diana

„Тука седам на маса во октомври и само сакам да имам некој што ќе ме гушне и ќе ме охрабри за да можам да останам силна и со крената глава. Оваа фаза од мојот живот е најопасна бидејќи мојот сопруг планира сообраќајна несреќа “, напиша Дијана, дополнително поддржувајќи ги тврдењата дека кралското семејство го наредило нејзино убиство.

Милиони луѓе ја оплакуваа Дијана, оставија цвеќиња пред оградата на Бакингемската палата и чекаа во редови да ја потпишат книгата на жалост.

Diana s Williamom i Harryjem

Иако ја загуби кралската титула со разводот од Чарлс, притисокот во јавноста беше толку голем што за мајката на два принца, тогаш 15-годишниот Вилијам и 12-годишниот Хари, сепак се организираше јавен погреб на кој присуствуваа околу три милиони луѓе и повеќе повеќе од две и пол милијарди го следеа последното збогување на принцезата Дијана на телевизија.

escort - Korsan taksi