ВЕНЧАНИЦА ОД 90 МЕТРИ СВИЛА И ТОРТА НА 7 СПРАТА: Вака изгледала Меланија кога таа и Доналд ги изговориле судбоносните „да“!

29 мај, 2021
PH-308139984

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ја прославија шеснаесеттата годишнина од бракот на 22 јануари, а на нивната венчавка потрошија над милион долари во 2005 година!

Бракот со Меланија за Доналд беше трет по ред, по неуспешните со Ивана и Марла Мејплс.

Словенечката манекенка Меланија Кнаус не сакаше да ја почитува желбата на Доналд на телевизиите ширум светот да ја емитуваат нивната венчавка, па се откажаа од таа намера. Тој ја запроси со дванаесет каратен смарагден прстен и застанаа пред олтарот во Палм Бич, Флорида.

Меланија истакна дека целата церемонија ја организирала сама. Таа носеше венчаница од Диор од дури 91 метар свила, тешка 25 килограми. Ја чинеше скоро 150 илјади долари, а заврши на насловната страница на Вог!

The Most Expensive Wedding Dresses in the World - Top5 | Trump wedding, Trump  wedding dress, Melania trump wedding

Интересно е што Меланија немаше класичен букет, туку семејно наследство во форма на серија бели рози.

Свадбената торта беше многу екстравагантна, од дури 7 ката и метар и половина висока!

Нивните пријатели тврдат дека Доналд бил заљубен во Меланија и дека сакал да и ги исполни секоја желба и каприц – и дека тој не барал цена!

Melanija i Donald 1999. godine