Вергара ја добила судската постапка против поранешниот свршеник: „Ембрионите не смеат да се користат без нејзина согласност“

4 март, 2021
f_10331349_1024

Судот во Лос Анџелес донесе одлука во корист на актерката Софија Вергара во судската битка со поранешниот свршеник Ник Лоеб за старателството над ембрионите што ги дадоа додека тие беа уште заедно.

Вергара (48) и Лоеб (45) ја раскинаа свршувачката во мај 2014 година откако поминаа ин витро оплодување една година порано. Актерката од серијата „Модерно семејство“, која има возрасен син по име Маноло, подоцна се омажи за Џо Манганиело во ноември 2015 година.

Во 2017 година, Вергара поднесе правни документи пред судот во Калифорнија со надеж дека ќе го спречи Лоб да ги користи замрзнатите јајце клетки складирани во Центарот за репродукција на АРТ во Беверли Хилс без нејзино писмено одобрување.

Во вторникот, судот застана на страната на Вергара, прифаќајќи го нејзиното барање за трајна забрана и спречувајќи го Лоеб да ги користи замрзнатите ембриони „да создаде дете без изречно писмено одобрение на другото лице“.

Според судските записи, Лоеб и Вергара претходно потпишале документ на клиниката за плодност во кој се согласиле дека двете страни мора да се согласат да направат што било со ембрионите.

Лоеб претходно тврдеше дека тој го потпишал документот под „принуда“, но судот во вторникот утврдил дека документот не е ништовен ниту поништен.

Понатаму, судот утврдил дека нема „материјален факт“ со кој би се поткрепило неговото претходно тврдење дека тој и Вергара имале „усмен договор“ што ќе му овозможи да ги донесе ембрионите кај сурогат мајка која ќе роди дете.

Покрај правната битка во Калифорнија, Лоеб се обиде да добие старателство над оплодените јајце клетки и во Луизијана, надевајќи се дека државата ќе им даде правен статус на ембрионите.

Случајот беше прекинат во јануари кога судот во Луизијана застана на страната на Вергара, поддржувајќи го отфрлањето на тужбата со која се бара старателство над ембрионите.

Судот дополнително донесе одлука документите да не бидат запечатени, што ги прави јавно достапни. Адвокатот на Ник Лоеб изјави дека ќе се жали на одлуката пред Врховниот суд во Луизијана.