Весна Бејби ‘удри’ по власта: „Да си набавите вакцини одма, од наш данок земате плати! Баш ме нервирате искрено!“

17 март, 2021
vesna bejbi udri po vlasta

Актерката Весна Петрушевска – Бејби, предмалку јавно ѝ се обрати на власта по повод најновите случувања во земјава поврзани со Ковид-19.

Општо познато е дека вакцини против Ковид-19 во земјава сè уште нема! Исто така, се очекува Комисијата за заразни болести да се изјасни дали ќе следува уште еден локдаун, притоа не ставајќи во главен фокус какви сè штети може да донесе оваа одлука.

Весна во својата објава вели дека утре точно после една година ќе излезе на сцена, за што јасно го искажува задоволството. Потенцира дека цела година не се видела со своите блиски, не излегла во некое кафуле и стриктно се држи до сите мерки и препораки на Комисијата. Сепак, вели дека власта прави грешки во чекори, за кои на крајот граѓаните ‘плаќаат’.

„Читам пак сакате хард кор да не затварате! Да ви кажам на вас грижливци за нашето здравје, отворивте кладилници, коцкарници, кафичи… затворивте театар. После точно година дена утре ќе излезам на сцена (едвај чекам и за два дена се распродаде)!

Цела една година не сум седнала на кафе, не сум си видела другари и другарки, родители на пауза, чувам дете кое за време на корона не смее да е затворено, а јас читам вакциниве 2028 ќе дојдат. Постојано сум со маска и почитувам дистанца.

Па дали сте вие барем малку емпатични кон сопствениот народ. Направи грешка стави полициски, нема вакцини бапни локдаун. Не полудевте скроуз! Да си набавите вакцини одма. Тоа ви е работа од наш данок земате плати. Имате обврска да работите за народот, а не со дефокус не пукнавте.

Никој не зборува за менталните последици од оваа состојба, ќе нема да знаете кај ви е газот. Баш ме нервирате искрено!“, вели Петрушевска во својата објава, за која доби поддршка од своите следбеници.


Преземено од tocka.com.mk