(Видео) Децата ѝ направија фешта за роденденот на Весна Бејби

10 март, 2021
весна бејби

Актерката Весна Петрушевска ден порано прослави роденден со децата од актерската школа. Забава со многу пеење за 51. роденден на глумицата, плус маичка со ликот на Мадс беше сосема доволно Весна да раскаже колку е среќна.

„Кога моите деца од актерската школа ќе ми честитаат еден ден порано роденден и ќе ме изненадат со маичка со ликот на Мадс (башка го номинираа за Бафта и за Оскар кај и да е) значи јас имам најдобри, најумни и најталентирани деца. Ова е група ветеран. Ве сакам најпојќе и имаме неверојатно квалитетно време поминато заедно, а пред нас е премиера,“ вели Весна. Таа на големо се спрема за премиерата во МНТ и претставата „Влези не се соблакај“, со која лани славеше 25 години карира во МНТ.

Весна Петрушевска е родена на 10 март 1970 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитрие Османли во 1992 година. Од 1993 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

Преземено од reporter.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris