ВИДЕО: Фолтин со најсвеж албум – „Симултан бакнеж“

1 јули, 2021
foltin

Денеска со почеток од 12 часот во МКЦ беше промовиран „Симултан бакнеж“, новиот ЕП на Фолтин, македонски бенд кој со својот експериментален а прецизен стил, ги „лови“ светските звуци. „Музика по мерка на вашите срца“- велат Фолтин.

ЕП-то е сочинето од четири песни кои се снимени во Студиото „Алшар“ минатата година, а фотографијата и дизајнот на обвивката за албумот се на домашниот режисер, Ѓорче Ставрески.

Албумот е издание на ОХО Продукција, каде што продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.

Промоцијата на албумот стартува со видеоспотот за една од песните – „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Витман. Директор на фотографија е Мајкл Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видеозаписот е снимен во Берлин. Продуцент на видеозаписот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Витман и Илија Тирицовски.

Погледнете го видеото и уживајте во овој симултан бакнеж на Фолтин. Навистина, кој може да расипе еден ваков ден?

Преземено од slobodenpecat.mk

escort - Korsan taksi