ВИДЕО: Лила Филиповска се присети на нејзиното прво телевизиско појавување: Бoжеее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите

15 април, 2021
lila

Нашата популарна водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска ги забавува гледачите пред малите екрани повеќе од дваесет години, па слободно можеме да кажеме дека веќе е една од најпознатите телевизиски лица во нашата држава.

Филиповска веќе десет сезони го води квизот „Сè или нешто“, а нејзините бројни обожаватели покрај тоа што ја гледаат на малите екрани, уживаат и во нејзините чести објави на социјалните мрежи обидувајќи се барем малку да насетат нешто за нејзиниот приватен живот.

Познатата водителка овојпат реши да објави еден ретро спомен од нејзината младост и почетоците на нејзината кариера.

Имено, таа ги врати своите обожаватели и пријатели во далечната 1995 година, објавувајќи видео од нејзиното прво појавување на телевизија.

Оваа снимка ја гледам прв пат во животов и искрено не се ни сеќавам многу, но знам дека тоа се дефинитивно моите први водителски обиди во Македонската Телевизија 1995… Бoжеее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“, напиша Филиповска во описот на видеото.

Преземено од slobodenpecat.mk

escort - Korsan taksi