Видео: Пристигна ‘вакцината’ на Дац и Александар

26 април, 2021
vakcinata

Распеаното дуо, составено од актерот Драган Спасов Дац и кантавторот Александар Митевски повторно изненадува со своите хитови и интересни кавер верзии.

На роденденот на „Корона Чао“, тие направија нов кавер на светски познатата „Марина“ од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија. Создадена заедно со нивните пријатели музичари и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко, песната стана хит на социјалните мрежи и веќе се слуша на радио станиците.

Според зборовите на Александар и Дац, видеото е снимено со телефонот на Дац и буџетот никогаш не е пресуден за една песна да влезе во срцата на нашиот народ. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со „Корона Чао“.

Нивната мисија на ширење љубов и позитивна енергија и секако поддршка на здравствените работници во ова време-невреме продолжува, а тие се сигурни дека сега кога ја имаат ‘вакцината’, тоа ќе им оди побрзо. Уживајте во новиот хит кој нема да ве остави рамнодушни и сигурно ќе ве насмее.

Преземено од tocka.com.mk

escort - Korsan taksi