Викторија Лоба откри до каде е нејзината свадба: „Најважно е партнерите да се најдобри другари“ (видео)

10 мај, 2021
loba

Македонската пејачка Викторија Лоба гостуваше во емисијата „Еден на еден“ каде проговори за својот живот, кариера, за приватноста….

Имено, Лоба откри дека прележела коронавирус, но без никакви симпотими.

Како што истакна, таа требало да оди на пат во Хрватска и за тоа било потребно да направи тест кој покажал дека е позитивна, па се откажало патувањето.

Исто така, Викторија откри дека убаво и да живее во Македонија  и дека нема никогаш да се исели.

„Јас ја сакам Македонија и тоа е мојата земја. Јас уживам што живеам тука и сум горда на оваа земја. Сакам да работам тука и никогаш не би се иселила“, вели пејачката.

Инаку, Викторија кон крајот на 2019 година се сврши со своето момче Ѓорѓи, меѓутоа свадбата ја откажаа поради коронавурисот.

На прашењето до каде е свадба, Лоба одговори:

„Корона е, има Ковид“, се пошегува пејачката и додаде:

„Повеќето парови сега така функционираат.  Најважно е партнерите да се согласуваат и да бидат најдобри другари. И тоа е тоа. Другарките цело време ме прашуваат – „кога фустанот ќе го облечам?“. Моите другарки сите се пејачки, знаеш што ќе биде тоа…. Ние уствари ќе си направиме мини концерт“, вели Лоба.

Инаку, пејачката во една прилика откри дека своето момче го засакала поради неговата храброст, но дека таа прва го бакнала.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi