ВИЛИЈАМ ЗАГРИЖЕН „Принцот Хари се обидува да ја убие својата баба“

16 јуни, 2021
profimedia-0594254449-1

„На Вилијам му е доста од испадите на Хари. Нејзиното височество остана со скршено срце кога слушна како Хари ги критикува нејзините родителски квалитети, особено што им посвети многу време и на Хари и на Вилијам од смртта на нивната мајка, принцезата Дијана. И работите се влошуваат “, открил за Globe извор од кралскиот двор

Според „Globe“, британскиот принц Вилијам наводно е убеден дека неговиот брат, принцот Хари, се обидува да ја убие нивната сакана баба, кралицата Елизабета. Секако, ова се однесува на изјавите и интервјуата, со кои принцот Хари ја вознемируваше својата баба во последните месеци. Со оглед на тоа што нејзиното височество е во средината на 90-тите години, јасно е дека секој голем стрес може да ја повреди. А, испадите на Хари во последните месеци ѝ предизвикуваше премногу стрес и вознемиреност.

„На Вилијам му е доста од испадите на Хари, што се случувааат на неделно ниво. Нејзиното височество остана со скршено срце кога слушна како Хари ги критикува нејзините родителски квалитети, особено што им посвети многу време и на Хари и на Вилијам од смртта на нивната мајка, принцезата Дијана. И работите се влошуваат “, открил за Globe извор од кралскиот двор.

Во неодамнешното интервју, принцот Хари откри дека немал поддршка од своето семејство кога им кажал за своето ментално здравје. И неговата сопруга Меган Маркл зборуваше за слични искуства во дворецот. Кога го замолила кралското семејство да ѝ обезбеди стручна помош затоа што станала самоубиствена, одговорот од дворецот не одел во нејзина корист.

Како што изгледа сега, принцот Хари и неговата сопруга немаат намера да престанат со ваквите изјави и напади врз кралското семејство. А бидејќи принцот Вилијам не разговарал со неговиот брат со месеци, освен на погребот на нивниот дедо, принцот Филип, тој наводно побарал од блиски заеднички пријатели да разговараат со Хари и да му кажат да престане да раскажува вакви приказни.

Покрај тоа, војводата од Кембриџ сака јавноста да знае дека наводите на принцот Хари се неточни. Зашто, самиот Вилијам порасна во многу построги околности и ограничувања, бидејќи втор е во ред да го наследи британскиот престол, но тој никогаш не чувствуваше дека е лишен од ништо.

„Вилијам е лут на Хари, единствено што сака е и Хари и Меган да престанат да зборуваат така. Но, за него е јасно дека Меган игра по различни правила. Затоа Вилијам смета дека ваквите грди напади на Хари ќе ја однесат нивната баба во гроб “, вели изворот.

Сепак, овие тврдења на Globe треба да бидат земени со сомнеж. Факт е дека принцот Хари не ја нападна отворено кралицата Елизабета, па од таа страна не може да се каже дека тој се обидува да го убие британскиот монарх. Но, исто така е и фактот дека војводата од Сасекс јавно кажа многу грди работи на сметка на неговиот татко, престолонаследникот Чарлс. Уште пред Хари и Меган да го дадат тоа неславно интервју за Опра Винфри, јавноста шпекулираше дека принцовите Чарлс и Хари не се во добри односи. По интервјуто, ситуацијата стана уште полоша. А, лошите односи меѓу синот и внукот, како и обвинувањата на внукот на сметка на семејството, секако ја вознемирија безвременската, иако витална, британска кралица Елизабета.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi