Вистината за расправиите на Бредли и Ирина околу нивната ќерка Леа

9 февруари, 2021
profimedia-0415729127

Несогласувањата околу загриженоста се појавија бидејќи Ирина беше длабоко повредена од тоа што Бредли ја „шутна“. „Таа се надеваше на свршувачка, брак, дека ќе има повеќе деца“

Раскинувањето на 46-годишниот оскаровец Бредли Купер и 11 години помладата руска манекенка Ирина Шајк поради неговата наводна афера со пејачката Лејди Гага, која глумеше заедно со него во филмот „Sвездата е родена“, ги исполни медиумските колумни на светот во јули 2019 година кога тоа се случи. Пред една година, списанието „In Touch“ објави дека поранешната двојка се расправаше за тоа како ќе се грижат за нивната заедничка ќерка, тригодишната Леа Де Сена. Од тогаш поминаа 365 дена, па време е да заклучиме со чекор назад колку вистина имаше во таа приказна.

Несогласувањата околу грижата за Леа се појавија меѓу нив затоа што Ирина беше длабоко повредена од тоа што Бредли ја „шутна“. „Таа се надеваше на свршувачка, брак, дека ќе има повеќе деца“, откри извор близок на манекенката и sвездата на хит трилогијата „Мамурлак“. Тој рече дека нивната врска започнала да се заострува откако Бредли започна да снима филм со Лејди Гага, а по раскинувањето Ирина мораше да се „бори“ со веста за нивната наводна романса, која се појави во сите наслови на весниците.

„Имаше моменти кога Ирина не можеше да помисли да го види Бредли. Таа би ѝ рекла на дадилката да му ја предаде Леа на нејзиниот татко кога тој ќе дојде да ја земе да се дружат затоа што ѝ беше лошо од помислата да го види “, објаснува изворот и опишува како работите се подобриле само по неколку месеци. „ѝ требаше време  да сфати дека е подобро да комуницира лично со бившиот и да соработува во извршувањето на родителската улога, наместо да биде непријател“, рече тој.

Гледајќи наназад како се одвиваше приказната, јасно е дека медиумите во голема заблуда шпекулираа и тврдеа дека Бредли и Лејди Гага биле заљубен пар. Минатата година, за прв пат по раскинувањето, Ирина зборуваше за причините за раскинувањето со Бредли за британски Vogue, но таа воопшто не ја обвини Гага. „Мислам дека бевме многу среќни што ја доживеавме таа врска. Животот без Бредли е сосема нов терен за мене. Имам силна личност и точно знам што сакам, и мислам дека тоа плаши некои мажи “, рече таа.

„Кога ќе изфрлам некого од мојот живот, не се премислувам и ги прекинувам сите врски со него“, додаде Русинката во едно интервју, иако е очигледно дека направила исклучок заради ќерката Леа кога станува збор за Бредли. На крајот славната поранешна двојка се појави во „зелена гранка“ околу грижата и негата за својата ќерка и оттогаш тие имаат пријателски и срдечни односи. „Тие сфатија дека благосостојбата на Леа е пред сѐ и најважна“, заклучи анонимниот „кодош“.

Да потсетиме, Бредли и Ирина беа жртви на уште неколку лажни стории во весниците, како на пример дека Бредли ѝ направил дете на Лејди Гага и дека бил тајно во врска, или дека актерот излегувал со актерката Џенифер Гарнер, поранешна сопруга на актерот Бен Афлек. Колку што е познато, Бредли е соло откако раскина со Ирина.