Влатко: Побрзо ќе се искачев на некој планински врв отколку да ја освоев Силви

25 февруари, 2021
silvi bend

Песните „Ме полудуваш“ и особено „Ангели ме носат“ се песни по кои лесно го препознаваме дуото „Силви бенд“ односно нашите популарни естрадни музичари Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ. Ова музичко-брачно дуо е со децении на македонската музичка сцена, а воедно се едни од ретките на кои им успева да го задржат бракот, нешто со што луѓето од естрадата и не можат да се пофалат.

Сепак, Силвана Мучиќ, родена нишлијка, дојдена на студии во Скопје и денес свежо се сеќава на она време кога Влатко трпеливо и се додворуваше: „Беше неверојатно упорен, но културен, да не речам волшебно упорен. И кога мислев дека го нема, од некаде ќе се појавеше, ќе се залепеше за мене, демек тука е за секој случај да ми помогне. Мислев онака за себе, овој човек нема ли некои обврски или само јас сум таа околу која денот му се врти.

Јас од почетокот тоа не го сфаќав така дека е вљубен во мене, ама тој си имаше се зацртано во мислите, хахаааа… Ех, кога ќе ми текне на тие времиња. Кога ќе седнев да вежбам на клавирот, тој ќе се залепеше до мене. Ама и мене убаво ми беше. Не дека бев рамнодушна.

Влатко признава дека многу време му требаше Силви да капитулира пред него. Упорноста вроди со плод, тој ѝ стана момче, а подоцна и сопруг. И сега на шега знае да каже „дека побрзо ќе се качеше на врвот од некоја висока планина отколку што му беше потребно да ја освои Силви“.
Тие денес живеат весело и растоварено од сите проблеми, во скопската населба Козле, во прекрасна голема куќа.

– Клавирот е застапен на главниот надворешен ѕид, како и на балконот меѓу двете нивоа во куќата. Најмногу гостите ги импресионира белиот клавир на кој често си свират за своја душа, но има и еден бел над него, закачен наопаку на таванот што е навистина празник за очите.

За нив животот има смисла и нема реприза. Ќерката е израсната во голема девојка и си има свој живот. Затоа уживаат вљубено во секој нов ден во кој било дел од година иако преку лето, за да ги избегнат скопските горештини, ќе ги видите во Охрид каде што и често настапуваат на вечерните свирки на задоволство на туристите. Впрочем нивната најнова песна има сосема јасен наслов, се вика „Неразделни“.Навистина е така. 

Преземено од vecer.press