Американската глумица Кристен Бел искрена до коска: „Се борам со депресијата цели 22 години!“

22 јули, 2021
profimedia-0416043344

Американската актерка Кристен Бел веќе 22 години води битка со депресијата. Вели дека не е воопшто тешко да се зборува на оваа тема. Напротив, таа сака да ја подигне јавната свест за товарот што го носат депресивните луѓе и не се двоуми да каже што се обиде да направи, само за да се чувствува подобро.

Така, гостувајќи на подкастот „Hypochondriactor“ на д-р Пријанка Вали, актерката изјави дека пробала секакви третмани, вклучувајќи лекови, медитација и разговор со терапевт. Открила дека дури пробала и психоделични лекови, односно псилоцибини печурки, кои содржат психоактивни соединенија на псилоцин и псилоцибин, па затоа ги нарекуваат и „магични печурки“. Во тие моменти, тврди таа, најмногу ја поддржувал нејзиниот сопруг Дакс Шепард, кој се грижел за децата. Актерката на подкастот изјави дека била инспирирана да проба халуциногени печурки откако ја прочитала книгата на Мајкл Полан под наслов „Како да го промениш умот“.

„Книгата ги истражува ефектите на ЛСД и псилоцибинот врз мозокот што ме поттикна да пробам псилоцибин за да почувствувам какви нови димензии ќе ми се отворат, каде што би отпатувала со целиот мој ум … октирв подлабоки и полековити места во умот, што не ги допирав дотогаш“, изјави Кристен нагласувајќи дека секогаш ги земала „магичните печурки“ во безбедна околина, среќна што нејзиниот сопруг Дакс секогаш бил покрај неа и ја водел на прошетки во текот на тие експерименти.

Ѕвездата на „Преболи ја Сара Маршал“ и „Лоши мајки“ сè уште е депресивна и вознемирена, тврди таа, но денес се чувствува многу подобро и не посегнува по такви радикални решенија, туку се посветува на вежбање. „Физичката активност треба да биде прва станица за секој што се чувствува депресивно или вознемирно, затоа што вежбањето ослободува серотонин и ендорфин. Се чувствувам поконцентрирано, трпеливо и способно. Тоа ми ги одредува следните четириесет и осум часа“, изјави акерката.

escort - Korsan taksi