Во друштво на најсаканиот: Каролина Гочева со галерија на фотографии покажа каде го поминала летниот одмор (фото)

8 октомври, 2021
karo

 Летото и летните одмори веќе завршија, а надвор наместо жешки и толли денови, владее есенско и вранежливо време.

Изминатите неколку месеци, летниот период познатите го искористија за да уживаат некаде на плажа, покрај море, езеро. Испружени под зраците на сонцето фаќаа боја и се подготвуваа за новите работни активности.

Освен тоа што уживаа на некоја плажа, познатите, посебно дамите од јавната сцена се расоблекоа во бикини и ги покажаа нивните облини.

Некои уживаа на наш терен, во нашиот убав Охрид, други уживаа во соседна Албанија, Грција, некои во Турција.

Иако летото и летните одмори веќе завршија, македонската пејачка Каролина Кочева дури сега објави фотографии од нејзиниот септемвриски одмор во Турција.

Имено, пејачката на својот „Инстаграм“ сподели серија од неколку фотографии од деновите кога била на одмор, од дневните и ноќните прошетки во турската престолнина, фотографија на плажа во која  е свртена кон морето, па и една објава на која го бакнува сопругот во образ.

Нема сомнеж дека пејачката уживала како и во убавото време, турските туристички атракации, но и пред сė во друштво на нејзиниот сопруг.

На фотките, Гочева изгледа одлично, но и покрај пандемијата таа не се здебелила. Каролина неодамна во едно интервју за „Јингле ТВ“ откри како ја одржува витката линија.

„Не правам нешто којзнае што, порано можеби повеќе внимавав, сега не. Внимавам да се хранам најздраво што можам. Иако сум голем гурман, вежбам интезивно во последните две години“, изјави пејачката.

Под објавата од фотографиите од одморот, Каролина доби еден куп позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед, а нејзините следбеници најчесто и порачаа дека изгледа прекрасно како и секогаш.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi