Во тек се евровизиските проби, погледнете дел од пробата на Васил Гарванлиев

10 мај, 2021
euro

Во тек се евровизиските подоговки и проби, а претставниците застануваат на големата сцена, за да видат како сето тоа ќе изгледа во полуфиналето. 

Васил Гарванлиев ќе настапи со реден број 6 во првата полуфинална вечер, со моќната балада „Here I Stand“. 

Иако изборот и подготовките беа проследени со неколку контраверзии, тој сепак ќе ги претставува боите на Македонија на годинашното издание на Евросонг, откако минатата година беше откажан фестивалот и тој не успеа да нè претстави со денс-хитот „You“.

Според „дежурните“ евровизиски критичари на Јутјуб, најчест коментар е дека „ова момче навистина знае да пее“. Погледнете дел од неговата проба:

Преземено од skopjeinfo.mk