ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА! Децата сакаат да сведочат против нивниот татко, Анџелина и Бред повторно на суд

23 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-23 134052

Во мај, судијата Џон Удеркирк донесе одлука за заедничко старателство

Анџелина Џоли поднесе жалба за пресудата на судот да го дели старателството со Бред Пит над нивните шест деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.

Актерката повторно изгуби бидејќи судот не го одобри барањето на трите деца кои сакаа да сведочат против таткото, како што наведува нејзиниот адвокат.

Од друга страна, независен адвокат кој е запознаен со случајот вели дека зборот на децата се слушнал за време на судењето.

– Долгата, детална одлука се засноваше врз професионалното сведочење на луѓето со кои децата разговарале во текот на постапката, така што нивните сведочења всушност биле земени во предвид – рече тој.

Судските документи наводно не наведуваат кои три деца барале да сведочи против нивниот татко.

– Судењето емотивно ќе влијае на нив. Да се ​​натера едно од децата да страда за нешто што може да биде залудно, не само што е неоправдано, туку и сурово – велат адвокатите.

Да се потсетиме, во мај, судијата Џон Удеркирк донесе одлука за заедничко старателство, што, по скоро пет години борба, му донесе победа на актерот. По судската одлука, Џоли вети дека ќе ја продолжи борбата.

escort - Korsan taksi