ЗА НЕА ВРЕМЕТО Е ЗАСТАНАТО: Се пишуваше дека умрела и била заменета со двојничка, а таа и после 20 години изгледа исто

28 септември, 2021
Avril-Lavigne (1)

Аврил Лавињ денеска го слави својот 37 -ми роденден, а се уште изгледа како тинејџерката од почетокот на својата кариера.

Канадската пејачка Аврил Лавињ со години е главна тема на теории на заговор. Сепак, најинтересни се натписите кои велат дека таа починала одамна и дека нејзиниот лик го заменила актерката Мелиса Вандела, која навистина личи на неа.

37-годишната поранешна тинејџерска sвезда нареди неколку хитови во раните 2000-ти, кои се слушаат и денес, и оттогаш изгледа како да не остарела ниту еден ден. Таа се појави на „Video Music Awards“ на МТВ кон средината на месецот, и сите уште еднаш беа шокирани кога видоа дека изгледа како да е на почетокот на нејзината кариера. Па дури и кога станува збор за стилот на облекување. Розово, карирано одело, топ со врски, чанта и гломазни чевли. Дали годините навистина застанаа за неа?

Avril Lavigne.

Нејзиното момче, две години помладиот музичар Мод Сан, прошета со неа на црвениот тепих. Инаку, зад себе има два неуспешни брака – првиот со музичарот и фронтмен на групата „Sum 41“, Дерик Вибли, кој траеше од 2006 до 2010 година, и вториот со фронтменот на Никелбек, Чад Крогер, кој траеше од 2013 до 2018 година.

Покрај тоа, на пејачката и беше дијагностицирана Лајмска болест во 2014 година, поради што со месеци беше врзана за кревет. Потоа, се повлече од очите на јавноста неколку години, па се врати во 2018 година со синглот „Head Above Water“. „Ова е прва песна што ја напишав во кревет за време на еден од најстрашните моменти во мојот живот. Се помирив со фактот дека ќе умрам, чувствував како телото ми излегува. Тоа е како да се давиш, да тонеш и само треба да се оттурнам за да вдишам “, рече тогаш.

Аврил денеска го слави својот 37 -ми роденден, а фотографиите што покажуваат дека останала иста сите овие години може да се видат во нашата галерија.

escort - Korsan taksi