За сите кои го навредуваа: Соработник на евровизиската делегација објави фотографија од спалната соба на Гарванлиев во Ротердам

17 мај, 2021
vasil

Поради здравствената криза која минатата година го зафати светот, Евровзикиот настан минатата година беше откажан, па поради тоа нашиот претставник Васил Гарванлиев оваа година доби втора шанса да ја претставува Македонија на големото музичко шоу. Тој уште пред неколку дена заедно членовите на делегацијата, пристигна во Ротердам, Холандија и веќе се е подготвено за утрешниот настап на првата полуфинална вечер на Евросонг.

Околу неговото учество оваа година се поврзаа многу скандали и негативни коментари од дел од граѓаните кај нас, но МРТ и покрај тоа реши да го поддржи својот претставник и тој со крената Глава замина за Ротердам.

Неговите проби поминаа во најдобар ред, а вчеравечер се одржа и официјалното свечено отворање на настанот, каде сите претставници прошетаа по тиркизниот тепих. Васил за таа пригода се појави во креација на Раде Василев & Tip Top. Она што го привлече вниманието на присутните беше круната која ја носеше Гарванлиев, изработена од огледала. Тој беше придружен вокал и на нашата Тамара во 2019 година, кога исто така носеше круна, а овојпат истата беше надградена со огледалата. Круната всушност носи интересна порака, која пејачот ни ја прикажа преку својата фотографија на социјалните мрежи.

-Ќе те скршат на стотици мали парчиња, а ти земи го секое парче и залепи го со љубов, направи си круна и носи ја со гордост! – напиша музичарот на својата официјална страница, под фотографиите од настанот.

Расел Дејвис пак, кој е долгогодишен волонтерски соработник на македонската евровизиска делегација, објави фотографија од хотелската соба на Васил. На неа се гледа свилената постелнина со македонското знаме со која е покриен креветот, а во описот на фотографијата покрај објавеното македонско знаме, Дејвис пишува – Спалната соба на Васил во Ротердам. Убави соништа.

Утре Гарванлиев настапува шести по ред со песната ,,Here I stand” за која самиот ги напиша текстот и музиката.

Преземено од skopje24.mk

escort - Korsan taksi