ЗАД ЛЕО МЕСИ СТОИ СИЛНАТА АНТОНЕЛА: „Одиме било каде, заедно“

10 август, 2021
profimedia-0624908044

За еден од најдобрите фудбалери во Светот, Лео Меси, овие денови се особено емотивни. Тешко му беше да ја напушти Барселона после толку години, а неговата сопруга Антонела не му дозволува да помине низ сето тоа сам.

Откако Барселона во средата издаде соопштение за прекин на соработката со Лео Меси и откако претседателот Џоан Лапорта во четвртокот зборуваше за истата тема, жешката фудбалска тема ја коментираше самиот Аргентинец во неделата. Уште кога зачекори пред толпата, не можеше да ги запре солзите. Како и секогаш, тој беше охрабрен во првите редови од неговата прва љубов, 33-годишната сопруга Антонела Рокуцо со децата.

Токму таа му го подаде шамичето пред да ѝ се обрати на јавноста, по повод тажното заминување од Барселона, по повеќе од 20 години. Иако ѝ беше тешко, таа остана силна – заради него. Дури сега објави на социјалните мрежи и накратко ја коментираше оваа голема пресвртница во кариерата на нејзиниот сопруг, но и во животот на нивното семејство.

„Колку е тешко да се сумираат во неколку редови сите овие години! Толку многу емоции што оставија трага во нашите животи. Но, како што вели поговорката, она што не нѐ убива нѐ прави посилни! И со семејството како база, повторно ќе излеземе на терен, посилни од било кога … Каде и да одиме, одиме заедно, но секогаш одиме напред. Те сакам,љубов“, напиша Антонела во емотивниот пост посветен на нејзиниот сопруг.

Да потсетиме, среќниот пар се запозна преку братучедот на Антонела, Лукас, кој беше најдобар пријател на Меси во детството. И покрај фактот дека бил срамежлив од рана возраст, славниот фудбалер јасно ставил до знаење дека бил за љубен во Антонела на деветгодишна возраст.

Тие беа заедно многу години, но јавноста дозна за нивната врска дури во 2009 година, поради што секогаш велат дека само нивните најблиски пријатели знаат за почетокот на нивната врска. Круна на нивната љубов се секако децата, осумгодишниот Тиаго, петгодишниот Матео и тригодишниот Чиро.

escort - Korsan taksi