ЗАГИНА ТАТКОТО НА ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА: Непознат сторител го удрил со автомобил и побегнал од местото на несреќата

15 февруари, 2021
profimedia-0487841157

Локалната полиција бара да се појават сите сведоци на несреќата, а славната раперка сè уште не ја објавила смртта на нејзиниот татко.

Роберт Марај, 64-годишниот татко на раперката Ники Минаж, почина откако во петокот попладне го удри автомобил.

Според американските медиуми, Роберт одел по патот на Лонг Ајленд кога се случила несреќата, а возачот кој управувал со автомобилот избегал од местото на несреќата. Иако наскоро беше хоспитализиран, во саботата им подлегна на повредите.

Локалната полиција бара сите сведоци на несреќата да се пријават.

Ники Минаж сè уште не ја коментирала смртта на нејзиниот татко.

escort - Korsan taksi