Закопчана до грло, а сѐ „ПУКА“ од облините: Бијонсе облече фустан за кој сите зборуваат, но ѝ се случи несреќа

15 март, 2021
Screenshot_3

Пејачката Бијонсе беше една од најголемите ssвезди на овогодинешните музички награди „Греми“, што се одржа синоќа, а освен што триумфираше во неколку категории, вниманието го привлече и со својот изглед.

Додека на доделувањето на наградата носеше краток кожен фустан со длабоко деколте, Бијонсе носеше поинаква креација на афтер забавата.

Пејачката се појави во долг сребрен фустан кој иако беше закопчан до вратот, ги истакнуваше нејзините облини во преден план, а на главата имаше интересен детал – турбан, како и мрежа над лицето.

Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи беа фотографирани откако ја напуштија забавата, а потоа ѝ се случи мала несреќа. Заборавила да стави заштитна маска, па најпрво го покри лицето со раката, а потоа маж од нејзината придружба ѝ додаде маска, која тој ја држеше на лицето.

Бијонсе беше номинирана во девет категории на овогодинешните Греми награди, а освои награди за најдобра изведба на R&B – „Black Parade“, најдобра рап песна и најдобра рап изведба – „Savage“ со Меган Ди Сталион, и последната награда, онаа за најдобро музичко видео и песна „Brown Skin Girl“, таа ги сподели со својата ќерка Блу Ајви Картер. Бијонсе го делеше второто место со Квинси Џонс кога станува збор за бројот на награди.