ЗАРАБОТУВАЛА САМО 250 ДЕНАРИ НА ЧАС, А ПОТОА СТАНАЛА ПРИНЦЕЗА: Пред да се омажи, Лејди Дајана била вработена, а се бавела со оваа работа!

10 октомври, 2021
209406_princ2 AP_f

Во 1980 година, Дајана се вработи како дадилка за момчето Патрик во американско семејство што живееше во Лондон во тоа време. Мајката на момчето не знаеше дека осумнаесетгодишната девојка потекнува од славната британска аристократска лоза Спенсер и дека се забавува со принцот Чарлс, со кого ќе се омажи во јули следната година.

Дајана работеше за семејството Робертсон само неколку месеци, три дена во неделата, и никој не беше свесен дека наскоро ќе се соочи со глобалната популарност што ќе ја добие со приклучувањето во кралското семејство.

„Кога Дајана дојде во нашето семејство како срамежлива 18-годишна дадилка, имаше многу малку животно искуство, но знаеше како да работи со деца, така што совршено ја заврши својата работа“ – рече оваа деловна жена и се сети како Дајана седеше на подот со Патрик и беше фокусирана само на него.

Помеѓу смени, за кои и плаќале само пет долари на час, тренирала како медицинска сестра. Робертсон дознала за аристократското потекло на Дајана дури кога забележала толпа папараци пред куќата кои ја следеле поради веридбата со принцот Чарлс.

„Дајана беше многу внимателна, сметам дека тоа беше нејзината најсилна карактеристика. Сакаше да ги прегрне луѓето, да им даде допир“ – рече Робертсон и откри дека принцезата била топла, полна со доверба и љубов.

„Продолживме да се допишуваме во следните 16 години“, рече таа, откривајќи дека Дајана ѝ испратила десетина писма и честитки во текот на сите тие години, дури сакајќи нејзиното семејство да го посети кралското семејство.

Да потсетиме, Дајана почина во сообраќајна несреќа во 1997 година кога бегаше од папараците, а Роберстон го опишува нејзиниот погреб како најтажниот и најболниот час во нејзиниот живот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris