ЗАСЛУЖУВАШ СОЦИЈАЛНА СЛУЖБА ЗА ОВА! Најмладата Кардашијан на удар на јавноста, ја користи својата ќерка за да заработи пари, само се нижат ужасни коментари!

13 јули, 2021
Screenshot_4

Контроверзната изјава беше проследена со голем број критики под видеото и на социјалните мрежи

Досега се покажа дека навистина можеме да очекуваме сè од кланот Кардашијан-Џенер, но овој пат, со последната постапка, Кајли ги надмина сите очекувања.

Имено, во своето последно видео покажа како изгледа типичен ден за Kylie cosmetics, а попатно се осврна и на нејзината тригодишна ќерка Сторми, која играше додека славната мајка ги завршуваше своите должности.

И тоа можеше да биде уште еден симпатичен момент од мајка-ќерка, ако Кајли конечно не откриеше дека нејзината ќерка се претвора во претприемач и дека работи на својот таен бизнис што ќе го започне деновиве.

„Сторми има многу силни жени околу себе на кои може да се угледа“, рече Џенер, додавајќи: „Би сакала Сторми да ме погледне еден ден како што јас гледав на мајка ми Крис. За сега, оди на работа со мене и го сака тоа. Апсорбира сè – рече таа.

– Таа веќе ја има својата канцеларија и своја работа која треба да ја заврши. Работи напорно на својата тајна деловна активност, што всушност ќе ја започне за неколку дена. Таа работи на тоа веќе некое време – изјави Кајли, која неодамна се смири со Тревис Скот, таткото на нејзиното дете. Сепак, контроверзната изјава беше проследена со голем број критики под видеото и на социјалните мрежи.

– „Ти роди машина за правење пари“, „Нека биде детето дете“, „Те пофалија што си добра мајка, но навистина си само некој што во сè гледа само пари“, „Сите игравме како деца, но играта е една работа, а деловните обврски се друго “,„ Заслужуваш социјална служба за ова “,„Тревис реагирај “- се само дел од коментарите.

escort - Korsan taksi