Затворената Бритни не може да оди кај Опра, но сака да раскаже сè

24 март, 2021
Britni-Spirs-696x406

По интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари кај Опра Винфри, јавноста врши притисок врз Бритни Спирс да направи слично излегување.

Бројни естрадни новинари, документаристи и фанови би биле волни да ја слушнат и раскажат приказната за пејачката Бритни Спирс (39), која со години води правна битка со нејзиниот татко Џејми Спирс (68), кој управува со целиот нејзин имот. Но, Бритни сèуште молчи.

image

Сепак, кај пејачката наводно постои желба да ја раскаже својата страна на приказната, се поставува само прашањето во кој формат може да се случи ова.

Инаку, Џејми Спирс управува со целото нејзино богатство од 60 милиони долари уште од 2008 година.

image

Таа правна битка е една од најжешките теми во документарецот “Framing Britney”, кој неодамна го направи и објави New York Times.

Со години, јавноста изразува поддршка на пејачката на различни начини, а борбата за нејзините права отиде толку далеку што се појави цело движење, #FreeBritney.

image

„Написите за тоа дека Бритни размислува за големо интервју во кое би ја раскажала целата нејзина приказна, се претерани и им даваат лажна надеж на обожавателите кои ја тераат да излезе во јавноста по интервјуто на Хари и Меган“, изјави извор близок до Бритни за Us Weekly.

Тој подетално објасни и во што е проблемот, односно зошто пејачката сеуште не го сторила тоа.

image

„Биртни би сакала да ја раскаже својата страна на приказната и отсекогаш сакала да пишува мемоари, но нештата со имотот управуван од нејзиниот татко прават сè да биде тешко, па затоа овој вид на излегување не е на нејзиниот радар, барем не во блиска иднина “, рече анонимниот извор.

Daily Mail пишува за уште еден извор кој има слични тврдења и вели дека Бритни ќе бара некаков алтернативен формат.

“Бритни не спомнува интервјуа. Но, таа сака да разговара и тоа би можела да го направи преку социјалните мрежи, со помош на нејзиното момче Сем Асгари на неговите платформи”, изјави друг инсајдер.

Да се потсетиме, на Џејми Спирс му беше дадена можност да управува со имотот на неговата ќерка откако таа претрпе прилично јавен нервен слом во 2008 година и заврши на психијатриско лекување, каде помина пет дена.

image

Адвокатот на нејзиниот татко тврди дека пејачката никогаш не ни побарала да и се даде можност да управува со нејзиниот имот.