Збогувањето на славната пејачка со 10те милиони луѓе на Инстаграм: Немала ден без болка веќе шест месеци

22 август, 2021
jessie-j-dzesi-dzej-5-830x0

– Ќе исчезнам некое време од социјалните мрежи и ќе се фокусирам 100 проценти на себе и на решавање на она што се случува со моето тело – рече Џеси

Џеси Џеј (33) објави дека на извесно време се повлекува од социјалните мрежи поради здравствената состојба, а своето збогување го сподели со 10 милиони обожаватели кои ја следат на Инстаграм.

Имено, Џеси веќе шест месеци се бори со Мајнерова болест, односно болест на внатрешното уво, која се карактеризира со напади на вртоглавица, гадење и повраќање, како и шум во увото и појава на глувост.

Џеси проговори за нејзината состојба во средината на август, кога опиша дека и било особено тешко, бидејќи болеста влијаела врз нејзиниот глас.

– Вчера се обидов да отпеам песна што вообичаено ја пеам со леснотија и не можев. Проблемот не е мојот глас, туку болеста која влијае на мојот глас. Плачев. Со часови. Си дозволив да го почувствувам делот што е скршен во мене, кој често го игнорирам, иако не би требало. Не помина ниту еден ден без болка во вратот и грлото шест месеци. Некогаш е подобро, некогаш е полошо – напиша тогаш, меѓу другото, и додаде дека се обидува да биде позитивна.

Во последниот пост, сепак, таа ги извести фановите дека ќе се повлече од социјалните мрежи, додека не и стане подобро.

– Ќе исчезнам некое време од социјалните мрежи и ќе се фокусирам 100 проценти на себе и на решавање на она што се случува со моето тело. Ова го пишувам од љубов и почит кон фановите кои ме следат и поддржуваат овде. Се гледаме… – напиша таа покрај фотографијата на која пее.