ЖЕШКА СЛИКА НА ЏЕЈ ЛО ВО БИКИНИ ДОБИ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЛАЈКОВИ ЗА САМО ЕДЕН ЧАС: Има тело на божица!

31 јули, 2021
Jennifer-lopez-american-music-awards-2020-los-angeles

Латино дивата Џенифер Лопез (52) летото го поминува во прегратките на Бен Афлек (48) од кого не се раздели откако ја обновија својата романса по 17 години. После незаборавната прослава на роденденот во Сен Тропе на луксузна јахта, потоа во Монако, за да продолжат на одмор во Италија.

Откако ја објавија својата прва заедничка фотографија „Бенифер“ на Инстаграм за нејзиниот 52 роденден, познатата пејачка и актерка сега ги запали социјалните мрежи со слика во жолто бикини.

Поглед кон морето, извајана фигура и задоволна и заљубена жена – доволно за една фотографија да добие 1.600.963 лајкови со брзина на светлината.