1 РАБОТА Е КЛУЧНА ЗА СЛАБЕЕЊЕ, А НЕ Е ПОВРЗАНА СО ТОА ШТО ЈАДЕТЕ: Нутриционистите откриваат што е поважно од калориите

5 јуни, 2021
mrsavljenje

Повеќето луѓе сметаат дека губењето вишок килограми се поистоветува со бројот на калории што ги јадат и согоруваат. Иако е важно, тоа не е најважно – промената на односот кон храната е број еден, велат нутриционистите.

„Кога станува збор за диета и главната причина за вишокот тежина, важно е да се погледне подалеку од „потрошените калории“ и да се фокусираме на врската со храната“, вели нутриционистот Лореин Кирни.

„Некои фактори што треба да се земат предвид се здравјето на цревата, стресот, распоредот на спиење, здравствената состојба, преференциите во исхраната, финансискиот статус, достапноста на различна храна и самодовербата“, вели таа, додавајќи дека образованието за исхрана е најдобар начин да се изгради здрава врска со храна и со тоа трајно да се реши проблемот со вишокот тежина.

Нутриционистката Илана Малстејн знае како е да се страда од прекумерна тежина затоа што изгубила дури 45 килограми во претходниот период од нејзиниот живот.

Некои од нејзините трикови за кои тврди дека и помогнале се пиење вода пред јадење, прво консумирање зеленчук, но таа вели дека најважно е да го смените вашиот став кон храната.

Она што го истакнуваат нутриционистите е дека не е доволно да се обидете да се храните здраво и умерено, бидејќи ако не го промените ставот кон храната и не развиете здрава врска со храната, таа здрава исхрана ќе трае само кратко.

escort - Korsan taksi