10 златни принципит на долговечност на СЛАВНИОТ ЈАПОНСКИ ЛЕКАР: Заради него оваа нација живее подолго!

26 март, 2021
98m_3_PAA7076_905

Би можело да се каже дека д-р Шигеаки Хинохара е одговорен за долговечноста на Јапонците, бидејќи советите на овој јапонски лекар многу придонесоа неговата нација да живее здрав и квалитетен живот.

Почина на 18 јули 2017 година, на 105-годишна возраст и му остави вредно знаење на целиот свет за неразбирливата тајна на долгиот живот.

Хинохара исто така помогна да се воспостават медицински системи, благодарение на што Јапонците станаа еден од најдолговечните народи во светот. Скоро до неговата смрт, д-р Хинохара работеше во болницата, лекуваше пациенти и предаваше на студенти на колеџи.

  1. Енергијата доаѓа од тоа што се чувствуваме добро, а не од здравата исхрана и многу сон

„Сите се сеќаваме како како деца, кога се забавувавме, честопати заборававме да јадеме или да спиеме. Верувам дека тој став може да го одржиме и како возрасни – најдобро е да не го заморуваме телото со премногу правила, како што се ручек и спиење“, објаснува д-р Хинохара.

  1. Пазете се од дебелината

Д-р Хинохара постојано потенцираше дека сто години доживуваат луѓе кои немаат прекумерна тежина, затоа треба да обрнете внимание на вашата тежина и физичка состојба. Не треба да се оптеретувате со храна, но сепак треба да внимавате да не се прејадете. На пример, пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло за појадок. Тој верувал дека ова масло е одлично за крвните садови и кожата. Јадел млеко и бисквити за ручек, а често прескокнувал ручек кога беше премногу зафатен. Јадел зеленчук, риба и ориз за вечера. Јадел говедско месо двапати неделно.

  1. Планирајте однапред

Хинохара секогаш имал целосен распоред за годината што претстои, па дури и планирал уште повеќе во иднина. Значи, како што рече, тој навистина се радуваше на Олимписките игри во Токио 2020. За жал, тој не ги доживеа, но неговиот став кон животот и плановите покажува колку бил оптимист, што е исто така многу важна точка за долговечноста.

  1. Не мора да се пензионирате ако не сакате

„После 65-та година од животот, започнав да волонтирам. Јас учам и ги посетувам пациентите, дури и 18 часа на ден, и уживам во секоја минута од мојата работа“ – рече Хинохара. Ако некое лице сè уште сака да работи, нека работи. Ако не сака, нека се повлече и нека се посвети на она што сака да го прави.

  1. Споделете знаење и вештини со другите

Хинохара држеше околу 150 предавања годишно. Тој им предаваше на сите – од деца на училиште до сериозни бизнисмени и лекари. Тој секогаш стоеше додека зборуваше, а неговите предавања понекогаш траеја дури 90 минути. Тој велеше дека стоењето го прави силен.

  1. Не верувајте во сè што ќе каже лекарот

Д-р Хинохара веруваше дека лекарите не можат да лекуваат секоја болест и секој пациент. Тој предложи кога лекар ќе препише терапија или преглед, да го прашаат дали истото ќе им го препорача на своите роднини. Ако одговорот е не, зошто да се изложите на непотребен стрес и страдање? Тој веруваше дека животните и музиката имаат големо влијание во лекувањето, многу поголемо отколку што мисли медицината.

  1. Секогаш користете ги скалите и носете си го сопствениот багаж

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж со вас. Хинохара цел живот се качувал по скалите и секогаш прескокнувал по една. Скалите и одењето се секојдневна вежба за срцето и целото тело.

  1. Инспирирајте се секој ден, пронајдете инспирација

Прочитајте, пронајдете писатели во литературата што ве инспирираат. Така правел и Хинохара. За него, најинспиративна била поемата на Роберт Браунинг „Abt Vogler“. Не мора да се занимавате само со литература. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа …

  1. Болката е мистериозна …

Најефективниот начин да се надмине болката е преку забава. Кога детето ќе биде погодено, објасни Хинохара, тоа ќе плаче додека нешто друго не го окупира неговото внимание. Тогаш тоа ќе ја заборави болката. Тоа е она што возрасните треба да го сторат.

Болката треба да се удави во забава.

Тој веруваше дека треба да се носат кучиња за терапија и други животни во болниците, како и музика што ќе им помогне на пациентите да се справат со болката.

  1. Не натрупувајте материјални работи

„Не трошете го животот акумулирајќи материјални работи, затоа што и онака нема да земете ништо со вас“, Хинохара беше едноставен во последниот од десетте златни принципи на долговечност.