2 изненадувачки ефекти што ги има топлата бања на здравјето

29 август, 2021
shutterstock1655026558-830x0

Ќе се согласите дека нема ништо поубаво отколку кога ќе ја наполните кадата со топла вода по напорниот работен ден и ќе легнете да се опуштите. Научно е докажано дека водата има смирувачки ефект врз психофизичкото здравје на една личност.

Сепак, малку се знае за фактот дека топла бања може да го намали нивото на шеќер во крвта и да помогне во согорување на калории.

Студијата, презентирана на годишниот состанок на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD), анализираше повеќе од 1.297 возрасни со дијабетес тип 2 и ефектите што редовното капење во топла вода го имаше врз нивното метаболичко здравје.

Пациентите беа поделени во три групи. Истражувачите собраа и споредија податоци, вклучувајќи мерења на телото и тестови на крвта, од учесниците во секоја група.

Оние со повисока фреквенција на капење во топла вода покажаа намалување на телесната тежина, крвен притисок и гликозен хемоглобин. Споменатата студија, предводена од д -р Стив Фокнер, откри дека топла бања веднаш по оброкот го намалува нивото на шеќер во крвта и согорува околу 140 калории.

Се разбира, ова не значи дека топла бања може да ги замени ефектите од физичката активност и здравата исхрана, но експертите сепак забележуваат дека топлата бања има здравствени придобивки и предлагаат да уживате барем еднаш неделно.