2 НЕДЕЛИ НЕ ДОПРЕЛ ШЕЌЕР, РЕЗУЛТАТИТЕ ГО ИЗНЕНАДИЛЕ: Не само што ослабел, туку се случило и нешто НЕОЧЕКУВАНО!

18 мај, 2021
muskarac

Вишокот тежина е проблем со кој се повеќе луѓе се соочуваат, а една од главните причини е прекумерниот внес на шеќер. Не станува збор само за јадење слатки, туку тој рафиниран шеќер се наоѓа во скоро целата храна што ја купувате – од леб па натаму.

Новинарот Мајкл Гротаус реши да спроведе експеримент и да не консумира рафиниран шеќер воопшто две недели.

Порано имаше прекумерна тежина, но ослабе, па овој пат реши да го направи експериментот затоа што беше загрижен затоа што троши голем број дневни калории од шеќер.

Гротаус јадеше други работи нормално и внесеше околу 2.000 калории, како и обично, но тој престана да пие газирани пијалоци, овошни сокови, бел леб, тестенини, јогурт … Наместо тоа, тој јадеше зеленчук, јајца, риба, месо, интегрални тестенини и ориз, а шеќерот се внесуваше исклучиво во својата природна форма, односно преку овошјето.

Мајкл признава дека првите денови му биле многу тешки – имал вртоглавица, заматен вид, недостаток на концентрација, бил страшно уморен и чувствувал вистинска криза да јаде нешто слатко … Но, сè се сменило по шестиот ден – веќе не се чувствувал мртов, тој бил повеќе буден и фокусиран.

Нутриционистката Ребека Болтон вели дека тоа е нормално во процесот на „отстранување“ на шеќерот затоа што на телото му треба време да се прилагоди, така што се јавуваат и вознемиреност и нервоза, но кога ќе се регулира нивото на шеќер во крвта, тие знаци ќе исчезнат.

Гротхаус изгуби дури пет килограми за тие две недели, иако сепак трошеше ист број калории како и обично, а по експериментот, вели дека ефектите од исфрлањето на шеќерот се големи.

„Се надевам дека ќе соберете сила да го направите тоа, исто како и јас“, рече тој на крајот.

escort - Korsan taksi