3 БЕСПЛАТНИ ТРИКОВИ КАКО ДА ГО РАЗЛАДИТЕ ДОМОТ БЕЗ КЛИМА: Веќе имате сè што е потребно, само ви недостасува идејата

25 јуни, 2021
ventilator

Обидете се со овие неколку начини да го разладите просторот за живеење ако немате клима.

Последните денови се „пеколни“ горештини, лекарите советуваат да не излегуваме надвор од 10 до 17 часот, да пиеме што повеќе течност, да носиме памучна и лесна облека, но и да се грижиме за исхраната.

Клима уредите работат „300 на час“, дома и во автомобил, а експертите апелираат дека треба да внимавате на овој „премин“ од климатизирани во неразладени простории, што може да има сериозни здравствени последици.

Она на што сите се жалат последните денови е несоница, односно дека не можат да спијат поради топлината… Пробајте ги овие неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги разладите просториите и конечно да заспиете без да се разбудите поради пот или жед …

Паметно поставете ги вентилаторите во собата

Запомнете дека вентилаторите не го ладат воздухот, но имаат задача да обезбедат негов проток низ просторијата. Затоа, никогаш не ставајте вентилатор веднаш до прозорецот. Подобро е да го поставите кај отворената врата од просторијата или ходникот за да може да го „врти“ воздухот од ходникот, каде што е објективно најсвежо.

Трик со мраз

Супер трик е да ставите сад полн со мраз пред вентилаторот. Како што се топи мразот, вентилаторот ќе го „шири“ студениот воздух.

Ставете влажна крпа на прозорецот

Ова е истиот „трик“ како и со вентилаторот и мразот. Пред спиење, отворете го широко прозорецот и ставете влажна крпа, чаршав или пешкит над него. Воздухот што ќе струи ќе се олади и ќе биде многу полесно.

escort - Korsan taksi