3 НАЧИНИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ ВО ЕСЕН: Нутриционистите советуваат – ова овошје можете да го јадете секој ден

16 октомври, 2021
1020445_screenshot-33_ls

Меѓу намирниците што можат да го зајакнат имунолошкиот систем на есен, лекарите ги издвојуваат јаболката бидејќи содржат антиоксиданс кверцетин, кој помага во борбата против вирусите и бактериите.

Пресудно за добрата состојба на телото е начинот на живот што го водиме: дали спиеме доволно и добро, дали сме физички активни, колку се спротивставуваме на стресот и, се разбира, квалитетот на храната што ја внесуваме во телото. Нутриционистите советуваат да ги следиме овие три правила за да имаме силен имунитет.

Јадете помалку шеќер

Лекарите тврдат дека прекумерниот внес на шеќер е секогаш штетен, особено кога е сезона на вируси и настинки. Факт е дека шеќерот негативно влијае на рамнотежата на цревната микрофлора – тоа е една од важните пречки за пенетрација на вируси и штетни бактерии во телото.

Јадете што е можно повеќе зеленчук

Лекарите советуваат внесување свеж зеленчук: витаминот А, кој се наоѓа во слаткиот компир, морков, им помага на белите крвни клетки да се борат против инфекциите. Предност треба да се даде на зеленчукот без скроб: зелена салата, тиквички, боранија… Овие намирници се богати со растителни влакна кои помагаат да се одржи здрав имунолошки систем. Карфиолот и кељот се исто така многу важни во борбата против вирусите.

Јадете јаболка секој ден

Меѓу намирниците што можат да го зајакнат имунолошкиот систем на есен, лекарите ги издвојуваат јаболката бидејќи содржат антиоксиданс кверцетин, кој помага во борбата против вирусите и бактериите. Истражувањата покажаа дека кверцетинот содржи антиинфламаторни, антиалергиски, антивирусни, антиканцерогени и антиревматски својства. Неговите ефекти сѐ повеќе се истражуваат во контекст на превенција, но и како дополнителна терапија во третманот на бројни болести, како што се дијабетес, лупус и разни форми на рак.