4 причини зошто е добро да спиете без перница: Промената на навиките може да ви помогне

12 август, 2021
white-25657661920-830x0 (1)

Иако малкумина легнуваат без перница, спиењето со неа можеби не е најдобриот начин за одмор

Луѓето постојано бараат идеална формула која ќе им овозможи мирен сон. Многумина се подготвени да дадат вртоглава сума за удобна перница, и по одредено време, повторно се појавуваат болки во рамениот појас и вратот.

Спиењето без перница сигурно изгледа незамисливо, сепак, спиењето со неа можеби не е најдобриот начин за одмор.

Верувале или не, перницата може да влијае на вашето расположение и тело, а спиењето без неа носи бројни придобивки.

1. Ја ублажува болката во грбот

Многу перници можат да доведат до неприродна положба за спиење, а поддршката што ја даваат не трае долго. Иако самата перница нема да ви наштети на грбот, може да ја влоши болката. Кога спиете без перница, ‘рбетот може да се одмори, а телото е во природна положба.

2. Спречува главоболка

Ако се разбудите со главоболка, можеби вашата перница е виновникот за тоа. Превисоките перници предизвикуваат напнатост во мускулите на вратот, што може да предизвика утрински главоболки.

3. Помага при болки во вратот

Повеќето перници не ви дозволуваат да спиете во природна положба. Напротив, тие дури можат да го влошат држењето на телото за време на спиењето. Долготрајното свиткување на вратот на кој било начин ќе предизвика непријатност, а премногу тесните или меките перници може да доведат до болка во вратот.

4. Го намалува стресот

Колку повеќе нарушувања на спиењето имате, толку помалку време има вашето тело за многу важни функции што се случуваат за време на спиењето. Постојаниот недостаток на сон може да влијае на вашето расположение и концентрација, а вашето тело ќе лачи повеќе стрес хормони во текот на денот.