4 ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ЈА САБОТИРАТЕ СОПСТВЕНАТА ВРСКА Проверете дали го уништувате односот со саканата личност и како да престанете да го правите тоа

30 септември, 2021
Screenshot_2

Секој сака да сака и да биде сакан, но понекогаш со своето однесување несвесно ја уништуваат врската во која се наоѓаат.

Психолозите велат дека најчеста причина е стравот да не останат сами. И така од желба да бидат сакани, тие создаваат проблеми и ја спречуваат трајноста на врската. Ако не успевате да направите сериозна врска, проверете дали го правите и вие тоа.

Молчењето како казна

Еден од најчестите знаци за саботажа на сопствената врска е лошата комуникација или нејзиното отсуство. Ако еден од партнерите целосно ја прекине комуникацијата кога е лут да му одржи лекција на другиот, тоа не е добар начин да се реши проблемот, бидејќи тоа може само да ѝ наштети на врската.

Не зборувате за негативни чувства

Големиот црвен сигнал за саботирање на вашата врска се негативните чувства што ги имате, но вие молчите за тоа. Нормално е понекогаш да чувствувате лутина, вознемиреност, сомнеж. Меѓутоа, ако не разговарате за тоа со вашата сакана, тоа значи дека не сте заинтересирани да го решите проблемот што мислите дека постои.

Параноја без докази

Понекогаш луѓето се убедени дека саканата личност ги изневерува иако немаат докази за тоа, а причината е несигурноста. Ако постојано мислите дека тоа се случува или се плашите дека ќе се случи, тоа е само проекција на вашите стравови. Разговарајте со саканата личност и разјаснете ја ситуацијата. Почесто покажувајте и докажувајте љубов еден кон друг за да бидете сигурни во чувствата.

Се откажувате од сексот

Паровите минуваат низ различни фази – кога имаат редовен секс, па имаат секс малку поретко или воопшто не го прават тоа. На некои луѓе не им е пријатно да зборуваат за секс, така што нема да му кажат на партнерот кога не се задоволни, а тоа води до фрустрација, па дури и неверство, бидејќи личноста се прашува дали ќе ѝ биде подобро со некој друг.

escort - Korsan taksi