5 добри причини зошто НИКОГАШ не треба да јадете пред спиење

9 јули, 2021
Screenshot 2021-07-09 145227

Бројни студии сугерираат дека јадењето пред спиење може да има голем број негативни ефекти врз нас и нашето тело, од дебелеење, до потешко концентрирање на работата следниот ден.

1. Потешко е да се намали телесната тежина

Ако сакате да изгубите вишок килограми, треба да престанете да јадете пред спиење. Студија од 2020 година, објавена во списанието ПЛОС Биологија, спореди две групи на луѓе над 50 години кои конзумирале ист број калории во текот на денот, едната група го јадела последниот оброк во денот доцна во ноќта, а другата порано.

Се испоставило дека оние кои јаделе подоцна, губеле тежина побавно додека спиеле, отколку оние кои го јаделе последниот оброк порано во текот на денот.

2. Може да се здебелите

Студија од 2020 година, објавена во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“, открива дека луѓето кои јаделе вечера во 22 часот наместо во 18 часот имале поголем ризик од развој на нетолеранција на гликоза, како и намалена стапка на оксидација на маснотии. Поради тоа, ризикот да се дебелеат се зголемил, јавуваат медиумите.

3. Ризик од развој на метаболички синдром

Метаболичниот синдром е група на метаболички нарушувања кои се манифестираат како инсулинска резистенција, акумулација на масно ткиво во стомакот (абдоминална или централна дебелина), високи нивоа на холестерол и висок крвен притисок. Секој од овие здравствени проблеми го зголемува ризикот од болести како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Ризикот од развој на овој синдром се зголемува ако јадете често пред спиење, според студијата објавена во 2018 година во BMC Public Health.

4. Полош сон

Студија од 2011 година објавена во „Журнал за клиничка медицина за спиење“ открива дека оние кои јаделе доцна во ноќта имаат поголема веројатност да имаат нарушувања на спиењето, треба да спијат подолго и да имаат помалку РЕМ сон, што резултира во утрински замор.

5. Ќе ви биде потешко да се концентрирате на работата следниот ден

Ако јадете нездрава храна навечер, би можеле да ја почувствувате на работа следниот ден. Една студија од 2011 година, објавена во „Журнал за применета психологија“, открива дека оние кои јаделе нездрава храна пред спиење следниот ден, имале поголема веројатност да имаат дијареја или главоболка, па севкупно тие биле повлечени и помалку корисни на работа.