5 начини како да ги отстраните дамките од вино: Сѐ што ви треба веќе го имате во кујната

30 јули, 2021
195152_stock_f

Првенствено, дамката треба да се избрише додека е сѐ уште влажна, не смеете да ја триете.

Главно, тоа е првата грешка што ја правиме сите. Еве како можете да ги отстраните дамките:

Бело вино и сода бикарбона

За да ја извадите дамката од тепихот, прво натопете ја со бело вино за да се разреди бојата, а потоа намачкајте ја со паста од сода бикарбона. Оставете ја пастата да делува еден час, но проверете дали е влажна во секое време и попрскајте со вода доколку е потребно.

Детергент за миење садови и водород(хидроген) пероксид

Натопете ја дамката со еднаква количина детергент за миење садови и водород пероксид, а потоа обидете се да го впиете сето тоа со хартиени крпи.

Минерална вода

Минералната вода одамна е позната како најдобар начин за отстранување на дамките од вино ако ја натопите ткаенината од задната страна, а потоа постојано ја натопувате во хартиени крпи. Сѐ уште не е целосно јасно зошто е тоа така, а само се мисли дека може да има врска со меурчињата во минералната вода.

Сол, зовриена вода и оцет

Потопете ја дамката со ладна вода, додадете сол (почекајте додека не стане розова), потоа прелијте ја со врела вода и потоа натопете ја во оцет (и на крај исплакнете).

Пена за бричење

Пената за бричење треба да спречи дамките од вино да се впијат во ткаенината. Лесно протријте ја пената, потоа избришете со топла вода и буквално „избричете ја“ дамката.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris