5 најчести заблуди за дехидрацијата: Една од нив може да биде посебно опасна

26 јули, 2021
shutterstock1671556399-830x0

Секоја клетка во организмот има потреба од течности за да функционира правилно. Од оваа причина дехидратацијата може да ве направи нервозни, да ви предизвика главоболка, мачнина или магливост. Точно е дека секојдневното консумирање доволно течности за да не дехидрираме е од голема важност, особено во топлите и влажни периоди од годината, но многу „мудрости“ за дехидратацијата што вообичаено ги читаме и слушаме се невистинити. Во продолжение набројуваме 5 заблуди за дехидратацијата на организмот.

Заблуда: Организмот може да дехидрира многу лесно.

Вистина: Не е можно да дехидрирате доколку се храните здраво.

Течноста која што се состои во храната задоволува околу 20 отсто од течностите кои што му се потребни на организмот. Оттука, доколку избегнувате сува храна, консумирате повеќе овошје и зеленчук и пиете течности кога сте жедни, ќе бидете правилно хидратирани.

Заблуда: Тешко е да се направи разлика помеѓу чувството на жед и глад.

Вистина: Организмот умее да направи разлика помеѓу жедта и гладта.

Многумина сметаат дека понекогаш не можат да препознаат дали им се јаде нешто благо или се жедни. Но всушност, освен заради жедта, познатите „напади за благо“ се случуваат од многу различни причини како навика, досада или стрес. Имено, многу истражувања покажале дека жедта може да придонесе и до помала консумација на храна во текот на денот.

Заблуда: Неопходно е да се внесува најмалку 1 литар вода во текот на еден ден.

Вистина: Треба да внесувате вода онолку колку што му е потребно на вашиот организам.

Дневното внесување на вода во организмот зависи од многу фактори. Она што е важно е да ги следите сопствените потреби и да пиете вода онолку колку што ви е потребно во текот на денот, во зависност од дневните активности, исхрана и сл. Имено, секој ден се храниме различно и оттука потребата за пиење вода е секој ден различна. Исто така, промените на годишните времиња, како и температурата и влажноста на воздухот, влијаат на потребите за внесување на течности.

Заблуда: Чувствувате жед? Веќе сте дехидрирале.

Вистина: Чувството на жед не е и знак за дехитрадација.

Многумина сметаат дека доколку почувствувате жед, најверојатно сте дехидрирани. Вистината е дека е нормално да се чувствувате жедни, но не чекајте предолго пред да се напиете нешто. Вистинските знаци за дехитратација на телото, оние што се загрижувачки и што може да ви наштетат на здравјето, меѓудругото се манифестираат со мигрени и вртоглавици. 

Заблуда: Неопходно е да пиете многу течности додека вежбате.

Вистина: Жедта нека ви биде водач при вежбањето.

Можеби сметате дека е потребно да пиете големо количество вода додека вежбате и дека тоа нема да му наштети на вашиот организам. Но постои една состојба која се нарекува хипонатремија, односно присуство на премногу вода во организмот со што доаѓа до намалување на концентрацијата на натриумот во крвта. Оваа медицинска состојба е ретка, и најчесто се јавува при придружно бубрежно заболување или нарушување на секреторниот маханизам на АДХ. Хипонатремија која што се добива од вежбање, најчесто ја имаат маратонците, па така веројатноста да ја добиете доколку рекреативно вежбате е многу мала, но можна. Во секој случај, нема потреба да се внесува поголемо количество вода од она што ви е потребно во текот на денот, а најдобриот показател за тоа е жедта.

escort - Korsan taksi