5 намирници кои ќе ви помогнат да постигнете совршено бронзен тен: Совршен изглед на кожата на природен начин!

12 јуни, 2021
sea-25955501920-830x0

Повеќето луѓе сакаат совршен тен, во текот на целото лето

Бронзен тен е нешто што повеќето луѓе го сакаат во текот на летните месеци. Бледиот тен, кој е симбол на аристократска убавина, повеќе не е во мода, а темниот тен не е тешко да се постигне. Сепак, да се биде на сонце може да биде многу опасно, бидејќи изложеноста на штетни УВ зраци го зголемува ризикот од рак на кожата, поттикнува појава на брчки и ја намалува еластичноста на кожата.

Затоа е најдобро да се прибегнете кон природни и здрави начини со кои можете да добиете прекрасна бронзена боја. Следните намирници можат да ви помогнат со ова:

1. Моркови

Со сигурност знаете колку морковите се добри за видот, но исто така се полни со бета-каротен, што е одлично за тенот и ѝ помага на кожата да добие убава летна нијанса. За максимален ефект, јадете сиров морков, а кога ќе забележите дека ви помагаат, сигурни сме дека ќе стане ваша омилена закуска.

2. Спанаќ

Антиоксидансите и бета-каротенот се клучните состојки во спанаќот што го прават совршен избор доколку сакате да потемните. Може да го подготвите на вашиот омилен начин, а најдобро е да го ставите сиров во салата.

3. Алое вера

За време на жешките летни денови, најважно е да се одржи здрава кожа. Пијте многу течности и користете производи кои ја хидрираат кожата. Совет е да нанесувате гел алое вера на телото, бидејќи е одличен во хидрирање на кожата и ги намалува штетите предизвикани од прекумерно изложување на сонце.

4. Јаболко

Јаболкото е синоним за витамин Ц, кој влијае на производството на колаген и ја прави кожата неодоливо мека и еластична. Покрај тоа, ова овошје содржи витамин А, кој го намалува ризикот од рак на кожата.

5. Кељ

Кељот со текот на времето се здоби со статус на суперхрана поради своите хранливи својства. Кељот содржи каротеноиди, кои влијаат на подобар тен при сончање. Покрај тоа, постојат многу други здравствени придобивки.

escort - Korsan taksi